група “Осоговски извор“

Ова е групата “Осоговски извор“ која
изведува изворна музика од полатскиот крај. Се свири на кемане, кавал, тамбура, гајда и тапани.

 

1. Стојна малој моме ...............1:40
2. Ој Јано, Јано ........................ 2:26
3. Мајка сина тражи ................ 3:03
4. Зазени се братче .................. 2:36
5. Литат ми литат ................... 2:15
6. Мирче војвода ..................... 3:10
7. Писмо дојде ......................... 5:33
8. Невен китка ......................... 4:21
9. Маце, Маце ......................... 2:12
10. Што е сонце ...................... 2:37
11. Две ми моми ..................... 2:29
12. Каде се спремаш ............... 2:59

 

мртва природа


Од Претседателот на М.З. Полаки

Претседателот на МЗ ПолакиПовелете дојдете во Месната Заедница “Полаки“ и почувствувајте ја недопрената природа на Осоговските Планини. Овде природата ја задржала својата убавина во изворна форма.

Селата се мали, но има со што да се пофалат.

Повелете дојдете овде и за момент заборавете на постојните грижи. Уживајте во мирот и тишината која ја нарушуваат само птиците и жуборењето на бистрите планински рекички. Еколошки чистата и здрава животна средина го прави ова место често посетувано. Се доаѓа на пикник, на одмор и рекреација.

Овде можете да ги сретнете секогаш гостопримливите мештани и да се запознаете со нивниот автентичен начин на живот. Ќе ве пречекаат и топло добредојде ќе ви посакаат со греана ракија, овчо сирење и ладна изворска вода. Ако имате време можете да ги пробате и некои од специјалитетите на полатската софра, како што се Осоговскиот боденик и Осоговскиот бакардан.

Изминативе неколку години значително е подобрена инфрастуктурата во селото. Денес речиси секоја куќа овде е електрифицирана т.е. снабдена со струја. Пред се, за потребите на населението од вода, изградени се два водовода “Полаки 1“ и “Полаки 2“. Изграден е асвалтен пат до пред самото село во должина од 14 км, со што селото е доближено до градот. Возобновувањето на манастирот “Св. Спас“ го популаризира овој крај.

Со овој крај е поврзано едно предание кое се пренесува од колено на колено. Имено во минатите векови и во овие краеви косела чумата и однела многу животи. За да се спасат селаните од ова зло, селото го заобиколиле со бразда изорана со рало кое го влечеле два вола близнаци. Со тоа се верува дека селото на овој начин е заштитено од чумата.

Сметаме дека овој крај е недоволно искористен, според тоа, што и колку нуди. Потребни се поголеми инвестиции и вложувања.

варење ракија на традиционален начин

Copyright©2006 All right reserved. Design by sokolov