| За нас Селото “Полаки“ се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Кочани. Нејзиниот атар се допира со просторот на општините: Кратово, Крива Паланка и Македонска Каменица.
Преку маалото Лисо Брдо, по земјен пат во должина од 5 km, селото најблискy се доближува до рекреативниот центар “Пониква“.На 20 km североисточно од “Пониква “( исто земјен пат), се наоѓа месноста Калин Камен (се смета дека овде постојат бакарни наоѓалишта). Во непосредна близина на Калин Камен е Царев врв, висок 2084 m, а источно е највисокиот врв на Осоговските планини ( а воедно и во Источна Македонија) Руен, висок 2252 m, . На овој простор се наоѓаат солидни терени за зимски спортови, поради честото задржување на снегот и по 7 месеци (од ноември до мај). На оддалеченост од 15 km, западно од селото, се наоѓа и истоимениот ловен резерват “Полаки“ кој зафаќа површина од 152,5 км2. По Втората Светска војна миграционите процеси не го одминаа ни ова село, така што бројот на жителите значително се намалил. Од 1204 жители, колку што броело селото во 1961 г., во 1994 г. останале само 245 жители. Според последниот попис во 2002 г., селото брои 59 домаќинства, односно 113 жители сместени во 180 куќи. Повеќето од куќите се застарени. Денес селото сe повеќе е посетувано од туристи, излетници, вљубеници во природата, ловџии и др.
|
||||||||
Copyright©2006 All rights reserved. Design by sokolov |
|||||||||