ливадски цвекиња

дрвен мост

овоштарник

чиста река

копање на компирот

стара авлија за сено

 

Природа

на високите места снегот се задржува и по 7 месеци Полаки изобилува со дабова, букова, а понекаде и борова шума. Релјефот е изразито нерамен со повеќе ридови и ритчиња, испресечени со неколку планински рекички: Лопенска река, Лиса река, Касирска река и Рамнонивишка река. Овие притоки ја сочинуваат Велика река, која ја полни вештачката акумулација “Градче“, а потоа продолжува како Кочанска река.

Заградено и заштитено со високите планински сртови, Полаки може да се пофали со пријатна планинска клима во текот на целата година: со свежи лета и благи зими. Средногодишната температура е некаде околу 13°C.

Зиме снегот е редовна појава и честопати знае да се задржи од месец ноември до месец мај. Тогаш кога кочанската котлина е покриена со магла, овде и покрај снегот грее сонце и е вистински рај за уживање, одмор и рекреација. Ваквата погодна микроклима веќе подолго време поттикнува на размислување за развој на зимските спортови. Вкупната денивелација на скијачките патеки кои може да се трасираат овде изнесува повеќе од 3000 m.

На оддалеченост 15 km од Полаки се наоѓа истоименото државно ловиште кое зафаќа површина од 2300 ha и се протега на надморска височина од 500 m до 2054 m . Ловиштето изобилува со разновиден дивеч: црвен елен, елени лопатари, срни, муфлон и див вепар и претставува вистински предизвик за ловците.

Добрите климатски услови овозможуваат бујна вегетација. Покрај речните корита се простираат ливади со бујна и сочна трева. Сточарството некогаш овде било главно занимање. И денес, иако во помал број, можат да се забележат сточари како ги пасат своите стада. Овде постојат солидни можности и за израдба на рибарници. Планинските реки се чисти и во нив се уште живеат риби и други речни животни. До 1960 год. на овие реки имало 18 воденици и голем број валавници. Денес сите тие се изумрени. Останати се само понекои рушевини како симбол на некогашното време и занимање.

планината изобилува со печуркиНекогаш овде се живеело убаво, зашто се живеело од природата. А природата и тогаш, а и денес нуди многу. Од земјоделските производи овде добро успева планинскиот компир. Од овоштарството успеваат: јаболките, сливите, оревите, костените и др. Планината изобилува со печурки, лековити билки (разновидни планински чаеви), шумски плодови (капини, малини, шумски јаготки). Во последно време најголем интерес преовладува за пчеларството бидејќи се добива висококвалитетен осоговски мед, што е резултат на разновидната вегетација и чистата планинска средина.

Од почвите најмногу е застапена кафеавата шумска почва-подзол, некаде има и црница, но постојат и глинени наоѓалишта.
овде некогаш било селското училиште

Copyright©2006 All right reserved. Design by sokolov